More

    Бугарија изгласа законски измени со кои јавно ќе се знае секој што зел пасош

    spot_img

    Бугарскиот политичар и европратеник, Андреј Ковачев, на својот фејсбук профил ги поздрави измените во законот за бугарско државјанство. Тој најави дека, според новите измени, Бугарија ќе треба јавно да ги објави сите странски државјани кои добиле бугарски пасош, односно, како што пишува тој, „повеќе од 120.000 македонски Бугари“.

    На Фејсбук Ковачев објави:

    „Честитки за сите 180 пратеници (без ниту еден приговор или воздржан) кои на прво читање гласаа за измените на Законот за бугарско државјанство! Мојата лична битка од повеќе од 10 години конечно ќе стане реалност:
    1. Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна.
    2. Регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство е јавен.

    Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на служби, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминација на македонските институции за ова, дека се чувствуваат Бугари. Тие што се „принудени“ да станат јавни Бугари само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.

    Очекувам брзо усвојување и второ читање на измените на законот!“

    Меѓу другите измени во постапката за добивање бугарски пасош се воведува и условот за познавање на бугарскиот јазик, а се укинува условот предок на лицето апликант да починал како бугарски државјанин. Се најавува забрзување на процесот на апликација и можност да се аплицира за пасош преку натурализација. Новост е и дека лицето ќе мора да има чисто криминално досие и во Бугарија и во државата каде живее.

    Според изгласаните предлог-измени, исклучок на овие правила ќе се прави само за лица за кои Бугарија ќе одлучи дека е во посебен државен интерес да им додели државјанство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img