Бугарија го доби првиот танкер со американски течен гас

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарија го доби првиот танкер со американски течен гас, соопшти Министерството за енергетика на оваа соседна земја.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев соопшти дека американскиот течен гас пристигнал и порано од планираното. Неговото истоварување почнало и од денеска Бугарија ќе може да го користи. Растоварувањето на течниот гас од САД ќе трае 18 часа.

Околу Бугарија има терминали во Грција и Туркије. Според бугарскиот енергетски експерт Васил Начев, течниот гас пристигнал на терминал во Туркије, а не според очекувањата на терминал во Грција.

-Бугарија и Туркије имаат привремен договор, бидејќи немаме постојана интерконекција – додаде тој.

Грција има четири точки каде е можно да се истовари течниот гас, да полни и да се испумпува.

Големото прашање, според Начев, е дали цената на природниот гас во Бугарија ќе падне. За јуни бугарската државна компанија за гас Булгаргаз предложи цената на снабдувањето со гас да биде 141,28 лева (70,51 евра), што е за околу 20 лева (10 евра) поевтина од мај.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, американскиот гас за Бугарија е договорен за време на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Вашингтон по неговиот разговор со американската потпретседателка Камала Харис и голем број високи експерти и претставници на американската државна администрација. Ова се случи откако Русија еднострано ја прекина испораката на гас за Бугарија, откако земјата одби да плати во руски рубљи, бидејќи постои заедничка одлука на ЕУ да ги исполни договорите со Газпром во евра, како што беше договорено при нивното потпишување.

Share This Article