Будеслигашите сезоната ќе ја завршат пред полни стадиони

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стадионите во Бундеслигата повторно ќе бидат максимално исполнети од овој викенд, првпат откако беа воведени заштитните мерки против коронавирусот.

Унион Берлин ги продаде сите 22.012 влезници за утрешниот натпревар против Келн, додека Борусија Дортмунд пред максимално исполнетиот стадион „Вестфален“ в сабота ќе му биде домаќин на Лајпциг.

– Се радуваме на доаѓањето на 81.365 гледачи на најубавиот стадион во светот, соопшти денеска клубот од Дортмунд.

Во актуелниот германски шампион Баерн Минхен, исто така, се надеваат дека стадионот со капацитет од 75.000 седишта би можел да биде исполнет за баварското дерби против Аугсбург на 9 април.

Согласно насоките од германските власти, во Бундеслигата се укинати рестриктивните мерки, и покрај високата стапка заразени со коронавирусот ширум земјата, и заштитните маски за лице веќе не се задолжителни на стадионите.

Share This Article