Брутално убиената Низама е погребана, невенчаниот сопруг ја уби пред очите на нејзиното дете

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На гробиштата до џамијата во Мионица кај Градачац денеска беше погребана Низама Хеќимовиќ (38), жртвата на лудиот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ.

Од рано утрото одекна плач пред семејната куќа на Хеќимовиќ, каде се собраа неколку илјади ожалостени да се простат од жената која монструмот ја убил пред очите на нивната ќерка.

Медиумите јавуваат дека екипи за итни случаи дежурале пред куќата да помогнат да се интервенира доколку некому му треба помош.

Полицијата го обезбеди погребот, а ожалостените сѐ уште се во шок поради злото што го снајде малиот Градачац.

Телото на убиената Низама од семејната куќа на раце беше пренесено во локалната џамија, каде што беше погребана по верска церемонија.

– Паднавме како општество, на Низама ѝ беше направен преголем грев, таа само сакаше да живее. Секој од нас треба да има слика од Низама заедно со слика на детето за да знае дека и злото може секому да му тропне на врата – рекол имамот.

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Градачац. Семејството претходно изрази желба никој од локалните функционери да не присуствува на погребот.

Најблиското семејство се прости од Низама со некролог во кој по име се наведени таткото, мајката, сестрата, бројните роднини… Најголема тага предизвикува името на ќерката чие воспитување би го уживала доколку добиела заштита навреме од насилникот.

Нермин Сулејмановиќ, да потсетиме, ја уби Низама затоа што го пријавила во полиција за семејно насилство. Монструозното убиство го пренесуваше во живо на социјалните мрежи, а потоа ја продолжи крвавиот пир и уби уште двајца и рани три лица. Потоа убиецот самиот си го одзеде животот пукајќи си со пиштол.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article