More

    Брутално однесување на руските сили во Украина, видеото доказ за воено злосторство

    spot_img

    Руски војници во Украина како жив штит користат заробени припадници на украинската армија, покажува вознемирувачкото видео што го објави Радио Слободна Европа (РСЕ)
    Медиумот ја добил снимката од украинските вооружени сили и ја споделил со Радио Свобода, неговиот руски информативен сервис. Тие, исто така, објавија дека побарале адвокати и припадници на војската да го анализираат видеото. Професионалците во оваа сфера велат дека  тоа обезбедува докази дека руската војска извршила воено злосторство против украинските војници.
    Видеото наводно е снимено во близина на селото Работине во областа Запорожје во Украина. Не е наведен датум кога е снимено видеото, но селото Работино беше место на чести борби од војната во Украина. На крајот на август Киев објави дека ја ослободил оваа населба за која се вели дека е важна стратешка локација.

    РСЕ објави скратена верзија на видеото на својот Јутјуб канал. На снимката се гледа лице идентификувано како вооружен руски војник како стои зад лице за кое се наведува дека е украински војник. Русинот води друг човек пред себе за да може физички да се крие.

    Зад нив следат други руски војници. Наскоро, руски војник фрла нешто што изгледа како граната во правец на украинската позиција.Се слуша експлозија и се гледаат украински војници како трчаат.

    Припадниците на украинската војска кои го дале видеото, за РСЕ изјавиле дека Русија ја користела тактиката „жив штит“ како „борбено извидување“ за откривање на позициите на украинските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img