Познатиот актер Брус Вилис за првпат се појави во јавноста откако завчера во емисијата „Тудеј“ гостуваше неговата сопруга Ема Хеминг Вилис и беше на работ на солзи.
Холивудската легенда Вилис се бори со фронтотемпорална деменција. Обожавателите се многу заинтересирани за неговата состојба и да видат како изгледа сега. Нивната намера е најдобра, иако има и такви кои се водат од обична љубопитност. Интервјуто со Ема беше исклучително следено, а се огласија и ќерките на актерот од бракот на Брус со Деми Мур.
Легендарниот Брус Вилис е виден во Лос Анџелес, фотографиран на совозачкото седиште додека автомобилот го управувал друг маж. Познатиот актер го поддржуваат бројни фанови, а секој нов детаљ за него и за неговата состојба внимателно се следи.
„Навистина не можев да бидам повеќе горда на Ема Хеминг Вилис што излезе во јавност (иако тоа е страшно!!!) да ја сподели приказната на нашето семејство за да ја подигне свеста за фронтотемпоралната деменција. Ема, ти си шампионка во ова и ме инспирираш секој ден со твојата храброст и длабока љубов. Твојата храброст поместува планини“, објави Скаут Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, а нејзината сестра Талула додаде: „Толку сум горда на моето семејство“.
Брус Вилис со поранешната сопруга Деми Мур ја има и ќерката Румер, додека со Ема ги доби Мејбел и Евелин. Тие се многу обединети во неговата борба со болеста, како вистински пример за семејна солидарност.
На почетокот на годинава беше објавено дека славниот актер се бори со деменција.
ФОТО: Инстаграм