More

    Бронзениот медалист од Токио суспендиран на осум години поради допинг

    spot_img

    Освојувачот на бронзениот олимписки медал во Токио во 2021 година, Игор Сон, кревач на тегови од Казахстан, е суспендиран на осум години поради допинг.

    Сон освои бронза во категоријата до 61 килограм на Олимписките игри во Токио и таа нема да му биде одземена, пренесува Ројтерс, но ќе биде суспендиран на осум години поради позитивен допинг тест, соопшти Националната федерација за кревање тегови на Казахстан.

    Сон доби позитивен резултат од тестот направен во март 2022 година, иако не беше откриено за која забранета супстанција се работи.

    „Ова тестирање беше спроведено надвор од натпреварувањето, шест месеци по учеството на спортистот, така што не станува збор за откажување на резултатите или одземање на медалите“, објасни генералниот секретар на Федерацијата, Алдијар Нуралинов.

    Сон веќе одлежа седуммесечна суспензија во 2015 година, откако беше позитивен на забранет стероид, што го чинеше медал на Светското младинско првенство.

    За жал, Казахстан има долга историја на вакви допинг скандали во кревањето тегови. На таа земја веќе и се одземени шест олимписки златни медали во последните 15 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img