More

    Бројот на жртвите од земјотресите во Турција се искачи на 35.418

    spot_img

    Бројот на жртвите од земјотресите во Турција се искачи на 35.418, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Вкупно 13.208 повредени сè уште се лекуваат во болница по минатонеделните земјотреси, додаде тој.

    Ердоган рече дека спасувачката работа ќе продолжи се додека не се спаси и последниот човек од под урнатите згради. Според него, околу 250.000 вработени се на терен во зоните на земјотресот.

    – Секоја земја ќе се соочи со проблемите со кои ние се соочивме во случај на таква природна катастрофа – рече Ердоган споредувајќи ги земјотресите со атомска бомба.

    Ердоган рече дека урнатите згради ја потсетуваат Владата на потребата од построги градежни прописи. Според него, повеќе од 2,2 милиони луѓе ги напуштиле подрачјата погодени од земјотресите.

    Земјотресите од 6 февруари, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, сериозно погодија десет окрузи во јужна и југоисточна Турција, како и во соседна Сирија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img