More

    Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако попладнево беше пронајдено безживотното тело на 82-годишен маж во грчкиот град Кардица

    spot_img

    Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако попладнево беше пронајдено безживотното тело на 82-годишен маж во грчкиот град Кардица, јави дописничката на МИА од Атина.

    Утрово, во областа Магнисиа беше пронајдена мртва постара жена, додека пак вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето.

    Невремето со интензивни и обилни дождови, молњи и ветер од вчера зафати повеќе делови на Грција, меѓу кои и Атина, а најпогодени се регионите во централното подрачје на земјата.

    Има поплавени улици и метро-станици, како и прекин во сообраќајот на неколку булевари. Затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци.

    Најмалку седум лица загинаа во силните поројни поплави предизвикани од обилните дождови во северозападниот дел на Турција, јави денеска турската државна агенција Анадолија.

    Две лица загинаа, а 31 се повредени во северните квартови на Истанбул, Башакшехир и Кучукчекмеџе, каде што поплавите ги преместуваа автомобилите по улиците, јави Ројтерс.
    Пет лица загинаа, а едно лице се води како исчезнато во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија и Грција, откако неколку куќи беа поплавени, јавуваат локалните медиуми.

    Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат и вети финансиска поддршка за семејствата во подрачјата погодени од поплавите.

    Околу 125 литри дожд на квадратен метар го погодија Истанбул за помалку од шест часа, што е еднакво на она што вообичаено паѓа во Истанбул во цел септември.

    Во Бугарија невремето предизвика поплави на јужниот брег на Црното Море, во кои животите ги загубија две лица. Уште тројца се водат како исчезнати.

    Објавени се видео-снимки на кои се гледа како автомобили и камперски комбиња се извлекуваат од морето во јужното летувалиште Царево. Властите прогласија вонредна состојба во градот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img