More

    Бројот на загинати во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија се зголеми на четворица

    spot_img

    Бројот на загинати во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија се зголеми на четворица, откако на повредите им подлегна и четвртиот патник од автомобилот што се судри со автобусот од Србија, додека пак повредени се 49 српски туристи, според информациите на дописничката на МИА од Атина.

    Патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина. Возилата се пренасочуваат по стариот пат.

    Од ударот автобусот со околу 80 српски туристи излетал од патот, тројца од четворицата патници во автомобилот загиниле, додека пак подоцна и четвртиот, кој бил пренесен во болница им подлегнал на повредите. Веројатно станува збор за грчки државјани.

    По директниот судир налетало и второ возило со српски регистарски таблици кое удрило во првиот автомобил. Во него биле мајка и дете, кои не се повредени. Од туристичкиот автобус, 49 патници се пренесени во три болници.

    Грчки „Катимерини“ пишува дека несреќата се случила во близина на областа Поликастро недалеку од преминот Богородица.

    Според српски Танјуг, се работи за автобус на агенцијата „Niš Ski & Sun“ кој се превртел на страна кога во него удрил автомобил чиј возач заспал на воланот.

    фото: ЕРТ/принтскрин

    – Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестени – велат очевидци за грчките медиуми.

    Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале огромен број грчки служби за итна помош за да им укажат лекарска помош на повредените. На местото на настанот пристигнале и припадници на полицијата кои вршат увид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img