Спасувачите рано утринава извлекоа шесто тело од урнатините, стравувајќи дека може да има повеќе жртви од експлозијата во саботата наутро во Хаг.
Полицијата досега идентификувала четири жртви, двајца мажи на возраст од 45 и 31 година, 41-годишна жена и 17-годишна тинејџерка.
Во болница се префрлени четири лица, од кои две се во тешка состојба.
Властите не знаат колку луѓе имало во зградата во моментот на експлозијата.
Тешка идентификација
Идентификацијата на телото била возможна само преку ДНК анализа, што дополнително ја отежнува истрагата.
Полицијата се уште не соопштува што ја предизвикало експлозијата, но главниот обвинител вчера на новинарите им изјави дека има индиции дека се работи за кривично дело.
Полицијата е особено заинтересирана да разговара со возачот на автомобилот кој беше забележан како со голема брзина се оддалечува од местото на настанот во 6.15 часот во саботата.
Деталната истрага за причините за експлозијата не може да започне додека не заврши потрагата по жртвите под урнатините, соопштија властите.