More

    Бројот на загинати се искачи на 5 луѓе, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера со голема брзина влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во Магдебург

    spot_img

    Бројот на загинати се искачи на 5 луѓе, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера со голема брзина влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, изјави Рајнер Хаселоф, премиер на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт.

    Говорејќи пред новинарите на местото на нападот на 21 декември, тој рече дека денеска ќе биде ден на тага и жалост.

    Првичните информаии беа дека најмалку 11 луѓе загинале, меѓу нив и дете.

    Канцеларот Олаф Шолц, кој беше со него за да оддаде почит во источниот град Магдебург, изрази посебна загриженост за околу 40 тешко повредени лица и ја осуди „страшната катастрофа“.

    – Тоа е страшен, трагичен инцидент – рече Шолц.

    Тој ја пофали професионалноста на службите за итна помош и на оние кои ги лекуваат повредените.

    – Важно е ништо да не остане неистражено, секој камен да биде превртен – додаде Шолц.

    Утрото на 21 декември, полицијата во Магдебург ги повика сведоците на терористичкиот напад на божиќниот пазар во тој град да дадат информации за нападот. Полицијата во објава на мрежата Икс побара сведоците да испратат информации, фотографии и видеа од инцидентот.

    Воспоставена е и телефонска линија за помош на луѓето кои бараат информации за нивните роднини.

    Во меѓувреме, градските власти ги советуваа граѓаните да ја избегнуваат областа на нападот.

    Целата област околу божиќниот пазар сè уште е опколена од безбедносните служби.

    Полицијата вчера го уапси осомничениот за нападот, кој со изнајмен автомобил со полна брзина влета во толпа луѓе.

    Германските власти го опишаа како лекар од Саудиска Арабија кој дејствувал сам.

    Осомничениот наводно има 50 години и со години живее во Германија.

    Тамара Зиешанг, министерка за внатрешни работи, рече дека човекот бил во Германија од 2006 година и бил постојан жител.

    Градскиот советник за јавен ред во Магдебург, Рони Круг, изјави дека божиќниот пазар ќе остане затворен и оти „Божиќ во Магдебург заврши“, пренесува германскиот јавен радиодифузен сервис МДР.

    Државните објекти во покраината Саксонија-Анхалт, чиј главен град е Магдебург, денеска ги симнаа знамињата на половина копје во спомен на загинатите.

    Властите во Берлин објавија дека го зголемиле присуството на полицијата на тамошниот божиќен пазар по нападот во Магдебург.

    Осуди за нападот стигнаа од Европската Унија, САД и од други земји.

    Властите на Саудиска Арабија, исто така, го осудија нападот. Во соопштението на Саудиска Арабија не се споменува осомничениот.

    Тој не бил регистриран како радикален исламист во германските записи.

    Во нападот тој помина 400 метри низ насобрани луѓе, со огромна брзина!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img