Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Сирија надмина 2.500, со што вкупниот број на загинати во Туркије и Сирија надмина 8.400

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Сирија надмина 2.500, со што вкупниот број на загинати во Туркије и Сирија надмина 8.400.

Британските медиуми пренесуваат дека спасувачите соопштуваат дека бројот на жртвите во северозападна Сирија, дел од земјата што е под контрола на опозицијата, се зголемил на повеќе од 1.280.

Спасувачкиот тим на невладината организација „Бели шлемови“ соопшти дека во тој дел на Сирија, што не е под контрола на владата, се повредени над 2.600 лица.

Британските медиуми јавуваат дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.

Сирискиот министер за здравство синоќа соопшти дека бројот на жртвите во делот на земјата под контрола на владата се зголемил на 1.250, пренесе државната агенција Ал-Икбарија. Според него, повредени се 2.054 лица.

Претходно во Туркије беше потврдено дека во земјотресот во таа земја загинале 5.894 лица.

Share This Article