Бројот на туристите во август 2024 година изнесува 232.576 и е зголемен за 7,2 % во однос на август лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци од вкупниот број туристи 48,6 % се домашни, а 51,4 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во август 2024 година изнесува 911.478 и е зголемен за 3,9% во однос на ланскиот август.
Од вкупниот број ноќевања реализирани во август 74,3 % се од домашните туристи, а 25,7 % од странските туристи.
Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,9 %, а кај странските има зголемување за 14,4 %.
Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,6 %, а кај странските има зголемување за 9,3 %.
Интересно е тоа што во август за прв пат бројот на туристи од Романија се искачи на 5.996, иако како и во изминатите месеци најмногу туристи дошле од Турција (50.227), потоа од Србија со 9.898 и Романија. Повеќе од 4.000 туристи имало и од Холандија (4.997), Полска (4 667) и Германија со 4.537 туристи.
Најпосетени од странските туристи биле езерата и Скопје.