Бројот на ранети во нападот со дрон во областа Бињамина се искачи на 67 во нападот со дронови што синоќа го изврши либанската милитантна група Хезболах врз воена база кај Бињамин, соопштија медицински лица.
Армијата претходно соопшти дека загинале 4 војници, а седум се ранети.
Бројот на критично повредени и понатаму е четири, петмина се тешко повредени, а 14 се полесно повредени.
Повеќето беа однесени во медицинскиот центар Хилел Јафе во Хадера. Другите ранети се пренесени во болницата Шеба во Рамат Ган, болницата Рамбам во Хаифа и Медицинскиот центар Рабин во Петах Тиква, јави Тајмс оф Израел.
Џерусалим пост претходно јави дека Хезболах од подрачје во јужен Либан лансирал дронови кон Израел каде не биле активирани тревоги за предупредување.
Израелскиот истражувачки институт Алма центар објави дека два беспилотни летала лансирани од либанската милитантна група Хезболах влегле во воздушниот простор на Израел од морето, а еден од дроновите бил соборен.