Бројот на млади луѓе заболени од рак во светот пораснал за 79%

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рок од 30 години (помеѓу 1990 и 2019 година) бројот на млади луѓе заболени од рак ширум светот пораснал за 79% – предупредуваат новите истражувања. Научниците го проучувале зголемувањето на стапките на ширење на оваа смртоносна болест за оние на возраст под 50 години.

Северна Америка, Австралија, Азија и Западна Европа се подрачјата со највисоки стапки на рак во рана возраст. Според истражувачите, иако генетиката веројатно придонесува за порастот – и пушењето, пиењето алкохол и исхраната богата со месо и сол, но со малку овошје и млеко, се главните фактори на ризик. Утврдено е дека прекумерната тежина, ниската физичка активност и високиот шеќер во крвта имале улога во тоа покачување на бројките кај младите лица. Научниот труд е објавен во списанието „БМЈ онколоџи“ (BMJ Oncology).

Ракот на дојка го сочинува најголемиот дел од случаите – 13,7% на секои 100.000 луѓе. Случаите на рак на душникот и на простата, пак, растат најбрзо со 2,28% и 2,23% годишно.

А пак, случаите на рак на црниот дроб се во пад, во просек за 2,88%.

Раководителката на истражувањето, д-р Ксуе Ли од Центарот за глобално здравје на Институтот „Ашер“ при Универзитетот во Единбург во Шкотска, смета дека ракот во рана возраст покажува „нагорна линија“ за последните 30 години, но дека „вкупната стапка на инциденца е стабилна“ од 2010 до 2019 година.

Добротворната организација „Кансер рисрч УК“ (Cancer Research UK) потврди дека напредокот во згрижувањето на болни ракот помогнал да се спасат најмалку 1,2 милиони животи во Обединетото Кралство од 1980-тите до денес. Д-р Клер Најт смета дека ракот останува „првенствено болест на постарите лица“, но и оти, сепак, наодите од новото истражување се алармантни.

– Потребни се повеќе испитувања за причините за рак на рана возраст, за одредени видови канцер, како што е и нашето истражување коешто разгледува нови начини за идентификување поголема опасност од рак на дојка кај помладите жени – истакнува д-р Најт.

Таа препорачува урамнотежена исхрана, непушење, многу вежбање и безбедно, умерено изложување на сонце.

Share This Article