Новак Ѓоковиќ доби еуфоричен пречек во Бања Лука каде српскиот тенисер ќе настапи на АТП турнирот од серијата 250 насловен „Српска Опен“.
Тоа ќе биде прв официјален натпревар за најдобриот тенисер на светот во вториот најголем град во Босна и Херцеговина.
Во Бања Лука Ѓоковиќ беше пречекан од бројни навивачи кои го следеа од аеродромот до самиот град како би добиле слика со него. Со оглед на тоа дека е Велигден тој беше пречекан и со црвени јајца исполнувајќи ја традицијата за кршење.