Бродовите од составот на првата постојана поморска антиминска група на НАТО влегоа во Балтичкото Море и ќе учествуваат во вежби со соседните земји на Алијансата и партнерските земји, соопшти денеска прес-службата на Генералштабот на естонските одбранбени сили.
– Бродовите на првата постојана поморска анти-минска група на НАТО (SNMG1) влегоа во Балтичкото Море. Групата се состои од пет бродови – се наведува во соопштението.
Некои од бродовите вчера впловија во Балтичкото Море додека останатите бродови денеска ќе пристигнат во Талин.
Примарна задача на групата е да демонстрира сојузничко присуство во регионот на Балтичкото Море и да спроведе заеднички вежби со естонската воена морнарица.
Според командантот на естонската воена морнарица Јуриј Саск, планирано е следната недела да почнат вежби со естонските маринци, а ќе се вежба и поставување и откривање мини.