More

    „Бродот Конзархија“ е еден од двајцата победници на „Zheng Nian Cup 2023“

    spot_img

    Томислав Османли за српското издание на романот „Бродот. Конзархија”  е еден од двајцата победници во категоријата за роман на кинескиот книжевен конкурс „Zheng Nian Cup” 2023 распишан од Музејот на литературата за свесност во Пекинг.

    Српското издание на „Бродот. Конзархија”  е во издание на „Агора“ од Нови Сад и во превод на Сашо Огненовски. Во Србија романот излезе од печат минатата година, а изворно беше објавен од издавачката куќа „Магор“ во 2016 година.

    Се работи за дистописки роман чие дејство се случува во 2039 година, во една драстично сменета, општествена, економска и политичка, сосем вируелизирана реалност.

    На конкурсот за кинеската награда,  покрај нашиот автор, во категоријата „Роман“ иста награда доби и романската писателка Мариана Кунбар Селма.

    „Zheng Nian Cup” 2023 е голем меѓународен и мултидисциплинарен уметнички натпревар и беше распишан за национални литературни творби од сите жанрови, како и за калиграфија, сликарство и фотографија. Организатори се повеќе институции и креативни групи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img