Најмалку 17 лица загинаа во една од најсмртоносните бродоломи во близина на брегот на Грција од почетокот на годината, соопшти грчката крајбрежна стража.
Надлежните соопштија дека се спасени 100 лица, но дека се уште не се знае колку луѓе имало на бродот што ги превезувал мигрантите.
Преживеаните се пренесени во градот Каламата.
Крајбрежната стража посочува дека бродот, кој пловел кон Италија, вчера прво го забележал екипажот на хеликоптерот „Фронтекс“, а потоа и екипажите на два пловни објекти југозападно од Пилос на југот на Грција.
Во соопштението се наведува дека мигрантите ја одбиле помошта што им ја понудиле грчките власти и дека рано утринава е започната акција за пребарување и спасување, откако бродот потонал.
Не се знае националноста на мигрантите и местото на поаѓање на бродот.
Грција е една од главните рути во ЕУ за бегалците и мигрантите од Блискиот Исток и од Азија и Африка. Повеќето доаѓаат на грчките острови од Турција, а сè поголем број бродови тргнуваат на подолгото и поопасно патување до Италија.