More

    Брод кој пловел под либиско знаме и превезувал 22.500 тони нафта, е блокиран во пристаништето Драч откако е утврдено дека сертификатот за потекло на нафтата е фалсификуван

    spot_img

    Брод кој пловел под либиско знаме и превезувал 22.500 тони нафта, е блокиран во пристаништето Драч откако е утврдено дека сертификатот за потекло на нафтата е фалсификуван, соопштија албанските власти.

    Албански медиуми објавија дека ќе биде приведен капетанот Алексеј Смазнов, руски државјанин, а на другите членови на екипажот ќе им бидат одземени пасошите.

    Танкерот со нафта, за која постои сомневање дека доаѓа од Русија, останува во Драч, додека полицијата и обвинителството спроведуваат истрага.

    Според првичните информации нафтата ја нарачал албанскиот бизнисмен Пиро Баре, кој додека бродот влегувал во водите на Јадранското Море, доставил документација до царината на пристаништето Драч, но документите биле проблематични и цариниците не му го дозволиле увозот и покренале истрага за целиот случај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img