Бритни Спирс и Сем Ашгари се разведуваат по само 14 месеци брак, а причината наводно е нејзиното неверство, пренесуваат странските медиуми.
Славната пејачка и 12 години помладиот тренер за фитнес и модел ставија крај на својот брак по „нуклеарната расправија“ поради гласините дека Бритни имала вонбрачна афера. Не е познато дали овие гласини се вистинити, пренесува американскиот портал ТМЗ.
Сем Ашгари, наводно, поверувал во наводите за неверството, а двајцата во последно време имале бурни расправии. Изворот за ТМЗ изјавил дека се иселил од нивната куќа и сега живее во свој стан.
„Прашање на време е кога Сем ќе поднесе барање за развод“, додал изворот, додека пак, некои американски медиуми шпекулираат дека Сем веќе поднел барање за развод од Бритни, поради нејзиното неверство.
Да потсетиме, пред помалку од два месеци згодниот 29-годишник сподели серија фотографии по повод првата годишнина од бракот, означувајќи ја Бритни како „неговата подобра половина“. Тој сподели и видео од нивната венчавка, нарекувајќи ја „жената од неговите соништа“.
Бритни Спирс и Сем Ашгари се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна „Slumber Party“ во 2016 година. Тој имал само 23 години кога ја почнал врската со Спирс, а таа 36. Тој беше покрај неа во најтешките моменти, но голем број нејзини фанови со години се убедени дека намерите на Сем не се искрени.
На почетокот на оваа година, се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг наишле на тежок период во нивната врска и сакале да го прекинат бракот, а гласините ги поттикна и фактот дека Сем не носел бурма. Но, неговиот портпарол ги демантираше ваквите шпекулации, велејќи дека сѐ е во ред во бракот на Спирс и Ашгари.