Британците објавија мапа за досегашните руски освојувања

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британското Министерство за одбрана повремено  на Твитер објавува мапи од Украина во кои може да се види тековната состојба на војната, според британското разузнавање. Со црвени стрелки се дадени можните следни чекори на пробивање на Русите, а со сини на Украинците. Со шрафирано е дадена територијата за која се водат битки, а дадени се и местата каде се стационирани војските или каде се групираат.

Според мапата, Русите го контролираат целиот појас од Херсон на запад до Харков на Север, иако самиот Харков не е под руска контрола. Неодамна шефот на руското МНР обзнани дека целите на „специјалната воена операција“ во Украина се смениле, па така Русија ќе цели кон централните делови на земјата. Аналитичарите сметаат дека Москва е охрабрена од последните успеси до регионот Донбас, па може да продолжи и надвор од него.

 

Други сметаат дека планот е долга војна во која на крајот, Киев ќе биде исцрпен и сам ќе се предаде или пак, ќе се случи државен удар во украинската влада.

И Украинците имаат план. Тие сакаат со милионска војска да извршат голем контранапад на полустровот Крим со што би обезбедиле пресврт во војната. За таа задача Украина се консултира со западните партнери од кои чека оружје со долг дострел.

Украинските сили во меѓувреме започнаа акција на уништување на складиштата со муниција на Русите, а тоа се случува и на обратната страна. Руските сили се во обид од воздух да го уништат западното оружје кои пристигнува во земјата. Денеска, руските сили изјавија дека успеале да им уништат четири ракетни системи ХИМАРС на Украинците, што беше демантирано од Киев.

Share This Article