Британскиот премиер Риши Сунак им се извини на младите Британци што носеше патики „адидас самба“ на едно интервју. Млади и дел од јавноста се вознемирени бидејќи политичарот не е е толку кул па дури го уништил имиџот на култните патики на денешницата.
„Ги уништи вечно кул патиките“, напишаа дури и почитуваните модни списанија како што е GQ, а некои дури составија листа на тениски обувки кои повеќе ќе му одговараат – само за да ги остави култните „самба“ на мира.
Историчарката за обувки Елизабет Семелхак во The Telegraph напиша дека неговиот потег може да значи „смрт“ за ретро патиките што ги сака генерацијата Z.
Сè ескалирало до тој степен што Сунак мораше јавно да се извини.
– Се извинувам на заедницата Самба. Но, во моја одбрана, би рекол дека носам патики Адидас, вклучително и Самба, многу, многу години – изјави Сунак за радиото ЛБЦ.
Тој додаде дека му е забавен хаосот околу неговите патики.
Ова не е прв пат да му се смеат за обувките, во 2023 година го исмеваа поради неговите чизми.