More

    Британските медиуми објавија дека згодниот актер ќе го замени Даниел Крег

    spot_img

    Познат по филмовите „Kick-Ass“ и „Avengers: Age of Ultron“, 33-годишниот британски актер Арон Тејлор-Џонсон изјави дека гласините што го поврзуваат со Џејмс Бонд се „шармантни и прекрасни“.

    Според информациите, Арон Тејлор-Џонсон ќе биде следниот Џејмс Бонд, но тој сè уште официјално не ја прифатил легендарната улога.

    – Џејмс Бонд е на Арон, ако сака да го прифати. На маса е ставена официјална понуда и чекаат да слушнат повратни информации – рекол изворот за британски „Сан“.

     

    Се вели дека „Еон продакшн“, која ги продуцира филмовите за Џејмс Бонд, подготвува и нов филм славниот агент 007, а на сценариото во моментот се работи.

    – Што се однесува до „Еон продакшн“, Арон ќе го потпише договорот во следните неколку дена и тие можат да почнат да се подготвуваат за големата најава. Тејлор-Џонсон е неверојатно талентиран актер. Го нарекоа „совршена личност за улогата на Бонд и ќе продолжи таму каде што застана Даниел Крег“ – рекол изворот за „Сан“.

    Минатата недела Тејлор-Џонсон го праша од списанието „Нумеро“ за гласините кои го поврзуваат со улогата. На тоа тој одговори:

    „Шармантно и прекрасно е што луѓето ме гледаат во таа улога. Го сфаќам тоа како голем комплимент.“

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img