More

    Британскиот водител, продуцент и претприемач Сајмон Кауел ги шокираше англиските медиуми со изгледот на неговото лице

    spot_img

    Британскиот водител, продуцент и претприемач Сајмон Кауел (63) ги шокираше англиските медиуми со изгледот на неговото лице. Кауел беше фотографиран во автомобил со партнерката Лорен Силверман додека се враќаше дома од настан во Лондон во петокот, а нагласија дека е непрепознатлив.

    „Непрепознатливиот Кауел беше со својот партнерка на годишниот бал Together For Short Lives во Лондон, каде што собираа пари за млади луѓе чии животи се загрозени“, пишува „Дејли мејл“ и потоа нагласува дека Кауел привлече големо внимание во последните месеци поради драстични промени на лицето, односно поради „ултра мазна кожа и недостаток на фацијални експресии“, кои настанале поради естетски корекции.

    Кауел, инаку, зборува за своите естетски корекции, а во 2016 година призна дека ги започнал третманите затоа што сакал да изгледа помладо. Тој своевремено изјави и како еднаш толку многу претерал со ботоксот што син му се исплашил од него, па ветил дека повеќе нема да го користи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img