Британскиот турист во Грција имал варичела

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британскиот турист во Грција кој се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина.

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) доцна синоќа соопшти дека „при лабораториските испитувања на примерокот од сомнителниот случај кај мажот хоспитализиран во болницата „Атикон“, не е откриен вирус на мајмунски сипаници (monkeypox), додека примерокот бил позитивен на два повторени теста за вирусот варичела (varicella – chickenpox)“.

Туристот во саботата вечерта беше хоспитализиран и се водеше како прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција, а според грчките медиуми, 29-годишниот Британец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата.

Од локалниот здравствен центар на островот, со авион итно бил пренесен во атинската болница „Атикон“, каде што беше изолиран и под надзор на лекарски тим, додека се чекаа резултатите од испитувањата.

Share This Article