Британскиот суд го блокира референдумското изјаснување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Шкотска нема овластување да донесува закони за одржување нов референдум за независност без согласност на Владата во Лондон. Полуавтономната шкотска Влада сака Шкотите следниот октомври да се изјаснат на референдум на прашањето „Дали Шкотска треба да биде независна држава”.

Конзервативната британска Влада одбива да го одобри изјаснувањето, со образложение дека прашањето било решено на референдумот во 2014 година кога шкотските гласачи ја отфрлија независноста.

Во 2014 година, Шкотите со 55 отсто од гласовите го отфрлија распуштањето на повеќе од 300 години старата унија со Англија, но две години подоцна застапниците за независност побараа да се одржи ново гласање. Мнозинството Шкоти се на уверување дека со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија значајно се променете политичките околности.

Премиерката на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, која е за независност, на почетокот од годинава најави дека има намера на 19 октомври 2023 година да организира референдум за независност, но изјаснувањето да биде спроведено согласно домашната легислатива и меѓународното право.

Share This Article