Ед Ширан и Чери Сиборн го добија своето второ дете, ќерката Јупитер, во мај минатата година, а британскиот музичар сега откри дека на неговата сопруга во бременоста ѝ бил дијагностициран тумор кој не смеел да се лекува сѐ до породувањето.
Во објавата на Инстаграм, 31-годишниот пејач објасни дека минатата година се борел со своето ментално здравје откако дознал за нејзината дијагноза и откако починал неговиот најдобар пријател Џамал Едвардс.
Музичкиот продуцент трагично почина на 31-годишна возраст по срцев удар предизвикан од земање кокаин и алкохол во февруари 2022 година. Ширан го објави новиот албум наречен „Subtract“ објаснувајќи дека е инспириран од лични трагедии со кои се соочил.
„Работев на „Subtract“ цела деценија, обидувајќи се да изделкам совршен акустичен албум, пишувајќи и снимив стотици песни со јасна визија за тоа што мислев дека треба да биде. Потоа, на почетокот на 2022 година, низа настани го променија мојот живот, мојот менталното здравје, и на крајот начинот на кој гледав музика и уметност. Пишувањето песни е мојата терапија. Тоа ми помага да ги разберам моите чувства. Пишував без да размислувам какви песни ќе бидат тоа, само пишував што и да излезе. И за нешто повеќе од една недела, една деценија работа ја заменив со моите најдлабоки, најмрачни мисли“, сподели пејачот.
„Во рок од еден месец, на мојата бремена сопруга и беше кажано дека има тумор и немаше начин да се лекува додека не се породи. Мојот најдобар пријател Џамал, мојот брат, ненадејно почина, а јас се најдов на суд бранејќи го мојот интегритет и мојата кариера на текстописец. Поминував низ страв, депресија и анксиозност.
Се чувствував како да се давам, со главата под површината, гледајќи нагоре, но не можев да посегнам по воздух. Како уметник, не чувствував дека можам веродостојно да ставам во светот опус на работа што не претставува точно каде сум и како треба да се изразам во овој момент од мојот живот“, продолжил тој.
„Овој албум е токму тоа. Првпат не се обидувам да направам албум што ќе им се допадне на луѓето, туку само објавувам нешто што е искрено и верно на она што сум во мојот возрасен живот“, заклучи Ширан, чија шеста студискиот албум „Subtract“ ќе биде објавен на 5 мај.
Ед и Чери се заедно од 2015 година, а се венчаа во 2019 година. Ед и посветил многу песни на својата сопруга, вклучувајќи ги хитовите „Perfect“ и „Shape of You“. Покрај Јупитер, парот ја има и ќерката Лира Антарктик, која се роди во септември 2020 година.
ФОТО: Инстаграм