Британскиот медиум Би-Би-Си направи неколкучасовна грешка кога на своите сервиси твитна дека Новак Ѓоковиќ никогаш не освоил титула во Монте Карло

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Serbia's Novak Djokovic celebrates after victory against USA's Taylor Fritz during their men's singles quarter-final match on day 10 of the Australian Open tennis tournament in Melbourne on January 23, 2024. (Photo by WILLIAM WEST / AFP) / -- IMAGE RESTRICTED TO EDITORIAL USE - STRICTLY NO COMMERCIAL USE --

Британскиот медиум Би-Би-Си направи неколкучасовна грешка кога на своите сервиси твитна дека Новак Ѓоковиќ никогаш не освоил титула во Монте Карло. Би-Би-Си ја избриша грешката, но во неколкуте часа фановите на Новак го коментираа твитот. Ова се случи откако Ѓоковиќ успеа да го совлада Австралиецот Алекс де Минор и да се пласира во полуфиналето на Монте Карло, пишува Мондо.

Тоа значи дека најдобриот српски спортист го делат само две победи од првата титула во тековната сезона, но и рекорд кој веројатно никогаш нема да биде соборен.

Новак во 2013 година го победи Рафаел Надал во финалето на Монте Карло, а две години подоцна на истото место беше подобар од Томаш Бердих за својата втора титула.

Сепак, турнирот во Монте Карло е во втор план за српскиот тениски ас оваа сезона. Тој се стреми кон трофеј на Ролан Гарос за да стигне до својата 25. Грен слем титула, а потоа и кон олимпиското злато.

Share This Article