Новиот британски крал Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната 2023 година во Вестминстерската опатија во Лондон, а ќе биде придружуван од кралицата Камила, соопшти денеска Бакингемската палата.
Со церемонијата ќе чиноначалствува архиепископот од Кентербери Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква.„Крунисувањето ќе ја одразува моменталната улога на монархот и ќе биде ориентирана кон иднината, а во исто време ќе биде вкоренета во долгата традиција и церемонијалот на монархијата”, се вели во соопштението на Палатата.
Чарлс Трети автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Трета, на 8 септември. Таа почина на 97-годишна возраст по 70-годишно владеење.