Британски проектил „Тридент“ бил погрешно испукан и паднал во океанот во близина на брегот на Флорида за време на пробно лансирање од нуклеарна подморница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британски проектил „Тридент“ бил погрешно испукан и паднал во океанот во близина на брегот на Флорида за време на пробно лансирање од нуклеарна подморница, објавија американски и британски медиуми.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во синоќа го потврди инцидентот велејќи дека имало грешка во врска со подморницата Vanguard, но не  споделија дополнителни детали од безбедносни причини.

Сепак, претставниците на министерството нагласија дека овие ракети сè уште се основата на британската одбрана и дека тие сè уште се „безбедни и ефективни“, пренесува Sky News.

Изворот на таа британска ТВ мрежа нагласи дека грешката е поврзана со тоа што се работи за пробно лансирање и дека би било успешно доколку се изведе со нуклеарна боева глава.

Објаснувајќи што се случило извор за  The Sun објаснува дека ракетата „Тридент 2“ била успешно лансирана од водата во воздухот со помош на компримиран гас во цевката за лансирање. Но, бустерите од првата фаза не успеаја да се запалат и ракетата тешка 60 тони, опремена со лажни боеви глави, падна во Атлантскиот Океан и потона.

„Таа ја напушти подморницата, но само прскаше веднаш до неа“, рекол изворот.

Веднаш е започната потрага по проектилот, со цел да се извлече високочувствителната муниција.

Ова е втор неуспех на проектилот „Тридент“ за застарената флота на нуклеарно оружје на Кралската морнарица, а претходниот беше во 2016 година.

Обединетото Кралство има 4 подморници со нуклеарно вооружување, чија задача е да осигура дека еден брод е постојано на море за да ги одврати нуклеарните закани од непријателите како Русија и да биде подготвена да одговори доколку се случи најлошото и ако Британија или нејзините сојузници се соочат со нуклеарен напад.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article