Британскиот пратеник Нил Периш, која беше суспендиран од Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, денеска изјави дека поднел оставка откако признал дека „двапати во момент на лудило“ гледал порнографска содржина на неговиот телефон за време на седницата на Долниот дом на Парламентот.
Конзервативците во петокот го суспендираа Нил Периш, откако тој сам се пријавил кај комесарот за стандарди на британскиот парламент поради каење, пренесува Ројтерс.
– Го навлеков гневот на колегите и семејството и му наштетив и на моето семејство и на мојата изборна единица, едноставно нема смисла да продолжам понатаму – рекол Периш низ солзи во интервју за Би-Би-Си.
Првично тој изјави дека првпат случајно наишол на експлицитни снимки, барајќи трактори на веб-страница со слично име, а потоа, како што рече, „накратко ги отворил страниците, иако не требало да го стори тоа“.