More

    Британски финансиер вели дека смртта на Навални го охрабрила рускиот лидер

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин има список од 12 лица кои сака да ги убие во странство, вели Бил Браудер, основач и извршен директор на инвестициска компанија од Велика Британија и критичар на Путин. Браудер во интервју за британски Мирор вели дека верува дека тој е прв за отстрел на списокот.

    – Путин е целосно надвор од контрола. На неговата листа за убиства има 12 лица. Да, и јас сум меѓу нив – вели британскиот финансиер додавајќи дека Путин ќе тргне во „убиствен поход“.

    Според Браудер, смртта на Навални ги сменила нештата за Путин.

    – Убиството на Алексеј е промена на играта за Путин. Фактот дека тој го уби најпопуларниот и најистакнат опозициски политичар, очигледно без страв од последици, вели дека луѓето кои му се спротивставуваат на Путин во Русија и во странство се изложени на многу поголем ризик од атентат – вели тој и додава:

    – Убиството на Алексеј Навални покажа дека Путин изгуби секаква воздржаност и дека ќе започне голема меѓународна убиствена треска која ќе ги вклучи сите негови непријатели во Велика Британија. Верувам дека најмалку десетина луѓе се во опасност овде и ќе се фокусираат на оние од висок профил. Политичарите се изложени на ризик.

    Браудер до 2005 година бил најголем странски инвеститор во Русија. Потоа Тајм објави дека тој станал еден од водечките активисти за разоткривање на руската корупција и кршењето на човечките права. Браудер минатиот мај објави статија во врска со убиството на неговиот пријател, рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза.

    Кара-Мурза беше двапати отруен од руската тајна служба, а лани во април беше осуден на 25 години затвор за „ширење лажни вести за руската армија“, припадност на невладиното здружение „Отворена Русија“ и за велепредавство.

    Браудер исто така бил пријател и со убиениот Алексеј Навални. Тој истакнува дека Путин мора да биде запрен за да се избегне повторување на нападот со нервен агенс Новичок во Солсбери во 2018 година врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

    Тој напад не успеа, и двајцата преживеаја, но во обидот од труење почина Зора Старџес (44), локална жителка.

    Компанијата на Браудер, Ермитаж, беше најголемиот инвеститор во Русија во 1990-тите, купувајќи и реставрирајќи приватизирани и корумпирани компании од поранешниот Советски Сојуз.

    Вредноста на компанијата порасна, но во 2005 година ѝ беше забранет пристапот во земјата, а две години подоцна безбедносните сили го нападнаа седиштето на фирмата. Кремљ го бара Браудер поради обвиненија за измама за кои во отсуство беше затворен девет години. Браудер сега живее на тајни адреси со високи безбедносни мерки.

    – Се борам со Путин од убиството на мојот адвокат Сергеј Магнитски во 2009 година. И оттогаш сум прогонуван со смртни закани, закани за киднапирање, интервенции на Интерпол, налози за апсење и барања за екстрадиција. Путин е гангстер-убиец и убива луѓе кои стојат на патот на неговите цели. Ако не се разбудиме, ќе се најдеме во Третата светска војна. Тој ни објави војна, а ние не одговоривме – смета британскиот финансиер.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img