Лондонската Метрополитен полиција денеска уапсила 52 лица за време на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети поради поттикнување конфликт и нарушување на јавниот ред и мир, јавува Би-би-си.
Хјуман рајт воч го опишува апсењето како „нешто што би очекувале да го видите во Москва, а не во Лондон“.
Британската полиција денеска, неколку часа пред крунисувањето на кралот Чарлс, го уапси лидерот на антимонархистичката организација Република, Греам Смит, отстранувајќи го од толпата од неколку стотици демонстранти кои се собраа на рутата на поворката во центарот на Лондон. Република претходно најави дека ќе го организира најголемиот протест против британскиот монарх во модерната историја.
Протести беа одржани и во Глазгов, Шкотска и Кардиф и во Велс, поради потрошените пари за раскошот кој бил прикажан на крунисувањето во време на сериозна економска криза.