More

    Британската музичка ѕвезда Хари Стајлс по долгата светска турнеја е на одмор во Италија

    spot_img

    Британската музичка ѕвезда Хари Стајлс (29) по долгата светска турнеја е на одмор во Италија. Во петокот беше фотографиран на брод во Болсена, а поради пократките гаќички за капење фотографите ја „уловиле“ и тетоважата на неговото бедро.

    Тетоважата гласи „Оливија“, а обожавателите веднаш се посомневаа дека тоа е посвета на поранешната девојка Оливија Вајлд (39). Откриле и нова тетоважа, зборот „colazione“ што на италијански значи појадок и исто така е испишана на неговата нога, а не е јасно дали има некаква врска помеѓу овие тетоважи.

     

    Пејачот уживал на бродот со група пријатели, меѓу кои и водителот Џејмс Корден и моделот на „Викторијас Сикрет“, Жаклин Јаблонски.

    Сепак, иако тетоважата веднаш привлече големо внимание, некои обожаватели сугерираат дека тоа е во чест на песната на „Уан дирекшн“ – „Olivia“ од нивниот албум од 2015 година, „Made in the A.M.“

     

     

    Стајлс и Вајлд беа во врска од јануари 2021 година до ноември 2022 година, а за тоа време заедно го снимаа филмот „Не грижи се мила“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img