More

    Британската музичка ѕвезда Адел ја шокираше јавноста кога се омажи во тајност со Рич Пол

    spot_img

    Британската музичка ѕвезда Адел ја шокираше јавноста кога се омажи во тајност со Рич Пол. Сега протекоа и некои информации за тајната венчкавка.

    Адел, наводно, за да го заштити своето богатство вредно 220 милиони долари, го навела Рич Пол да потпише предбрачен договор, пренесува „Дејли мејл“.

    Пријателите ја поттикнале Адел да потпише предбрачен договор бидејќи со продажбата на своите четири албуми заработила 220 милиони долари, а покрај тоа има уште 34 милиони долари од дигитална продажба. Нејзиниот проект во Лас Вегас се предвидува да донесе 2 милиони долари бруто приход по настап, што значи дека ако пејачката добие половина од тие приходи, би требало да заработи 13 милиони долари. Тоа би било и најмногу што некој уметник заработил по шоу во историјата на Вегас.

    Покрај тоа, Адел поседува неколку куќи, а нејзините главни резиденции се имот вреден 11 милиони долари во Англија и имот вреден 10,5 милиони долари во Калифорнија, во Беверли Хилс. Покрај тоа, таа поседува и две куќи во Лондон кои се проценуваат на 14 милиони долари; Во 2016 година купила куќа вредна 9,5 милиони долари, а во декември 2021 година ја купила вилата на Силвестер Сталоне во Лос Анџелес за 58 милиони долари.

    Кога ќе се собере целиот износ, не е чудно што пријателите ја убедиле пејачката да го заштити своето богатство. Се чини дека љубовта цвета, Адел со гордост вели дека е мажена. Така, кога една обожавателка ја замолила да се омажи за неа на настапот, Адел одговорила дека е стрејт и дека нејзиниот сопруг е таму.

    Потоа обожавателката ја прашала дали може да се обиде, а пејачката на шега одговорила дека не може.

    „Не сакам да се обидувам. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мир“, одговорила Адел, заа само неколку дена подоцна на друг настап повторно да се нарече себеси сопруга на Пол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img