More

    Британка починала во многу бизарна несреќа

    spot_img

    Мајка на две деца од Велика Британија починала, откако горниот дел од тaканаречен отомански кревет ѝ паднал на вратот и ја задушил, се вели во извештај на судските власти.

    Отоманските кревети имаат главен дел што може да се подигне – обично со помош на хидраулика и гас, а под него има простор за складирање постела, облека и друго.

    Немилиот настан се случил летово кога 39-годишната Хелен Дејви се наведнала над долниот дел на креветот и останала заробена меѓу подлогата и душекот којшто паднал поради неисправност на механизмот.

    – Платформата на нејзиниот кревет, односно горната површина со душекот, ненадејно паднала и ѝ го приклештила вратот на страничниот дел од подлогата на креветот. Не можејќи да се ослободи, Дејви починала од задушување. Еден од двата гасни клипа бил неисправен – појасни вештакот Џереми Чиперфилд.

    Починатата жена била пронајдена од нејзината ќерка Елизабет.

    – Се качив горе, вратата од спалната соба на мама беше ширум отворена и ја видов како лежи на грб со главата под креветот. Нозете ѝ беа свиткани како да се обидува да стане. Фрлив сè што држев в раце и се обидов да го подигнам горниот дел од креветот од главата… Бев исплашена дека е мртва бидејќи не испушташе звук, па бргу забележав и дека не дише – сведочи Елизабет пред Судот.

    Чиперфилд предупреди дека ако не се преземе нешто, постои опасност и од други смртни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img