More

    Брисел подготвува голем чекор назад за безвизниот режим

    spot_img

    Почнувајќи од 2023 година се очекува Европската Унија да почне да го применува системот ЕТИАС. Овој систем, доколку биде комплетиран, ќе претставува чекор назад за балканските земји и други држави од светот кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување до земјите членки на ЕУ.

    ETIAS (European Travel Information and Authorization System) е кратенка за Европски систем за информации и овластувањa за патување. Станува збор за целосно електронски систем кој овозможува и води евиденција за посетителите од земјите на кои не им е потребна виза за влез во Шенген зоната. На некој начин, тој наликува на американскиот електронски систем за овластување за патување (ESTA), кој служи за слична цел.

    Според ЕТИАС, патниците ќе мора да поднесат потврда за својот идентитет, да испратат копија од патната исправа и да одговорат на низа прашања за причината за патување и прашања поврзани со нивниот имотен, сеемен статус, кривично минато, престој во конфликтни држави и на други чувствителни теми. Ќе се наплати и такса од 7 евра за сите патници на возраст од 18 до 70 години.

    За разлика од сегашниот модел, каде државјаните на Македонија и другите балкански држави – освен Косово – генерално слободно можат да ги поминат границите на членките на ЕУ, според моделот ЕТИАС, ќе мораме да чекаме одговор од земјата во која сакаме да патуваме, кој може да биде и негативен. Еднаш добиената ЕТИАС виза потоа ќе биде валидна за три години.

    Во Брисел сè уште не се сигурни кога овој систем ќе биде ставен во функција, бидејќи Унијата се соочува со силен притисок од држави кои сакаат да ја избегнат оваа мерка – вклучително и од Британија, која стравува дека и нејзините граѓани ќе бидат ставени на истата листа со Балканците.

    Оваа мерка е едно од ограничувањата кое земјите кои се чувствуваат загрозени од големиот наплив на мигранти, како Холандија, ги бараат за да се ограничи пристапот на балкански државјани до ЕУ. Системот ќе важи и за соседните држави, како Бугарија и Грција, како и за земји кои не се членки на ЕУ како Норвешка и Швајцарија. Системот ќе се однесува за граѓаните на преку 60 држави кои сега имаат слободен, безвизен режим на патување во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img