Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен (44) и нејзиниот партнер Хоаким Валенте (35) се снимени на плажа во Костарика.
Шетале покрај морето држејќи се за рака, а со нив било и кучето на манекенката. Жизел носела проѕирна маичка преку градникот и гордо го покажала трудничкиот стомак.
За потсетување, Жизел и нејзиното момче Хоаким го очекуваат своето прво дете.
„Жизел и Хоаким се многу среќни и се радуваат на опкружувањето со љубов“, изјавил извор близок на парот за магазинот „Пипл“.
Инаку, Жизел има две деца од претходниот брак со славниот спортист Том Брејди.
Жизел Бундшен и тренерот на џиу-џицу Хоаким Валенте се во врска од јуни минатата година.
„Тие беа добри пријатели од самиот почеток. Таа е многу приватна во врска со тоа прашање и сакаше сè да држи во тајност додека не се запознаат. Тој ѝ беше голема утеха додека таа поминуваше низ разводот со Том. Нивното пријателство прерасна во нешто повеќе по нејзиниот развод“, речкол претходно извор за странските медиуми.
Жизел и Хоаким првпат се најдоа на насловните страници во февруари 2022 година, кога манекенката сподели видео од нејзиниот тренинг со Валенте на Флорида. Подоцна истата година, тие ги поттикнаа гласините за врска во текот на посетата на провинцијата Пунтаренас во Костарика, само две недели откако беше финализиран разводот на Жизел од НФЛ ѕвездата Том Брејди.
Во следните неколку месеци, парот беше виден како излегува заедно. Меѓутоа, Жизел тогаш негираше љубовна врска со Хоаким.
„Мислам дека во овој момент, бидејќи раскинав, сите ќе ме поврзуваат со некого“, изјави манекенката за „Венити фер“. Очигледно, убавата манекенка ги лажела медиумите и јавноста.
Во февруари, извор близок на парот потврди за магазинот „Пипл“ дека тие се во врска од јуни минатата година.