Еден од најпосакуваниот мажи во Холивуд Бредли Купер има нова девојка, а според американските медиуми таа е една од најмоќните жени во политичкиот свет.
Станува збор за Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на политичарот Ентони Вајнер.
Бредли и Хума ги запознала уредничката на „Вог“ Ана Винтур, која е и добра пријателка на двајцата, пренесува „Пејџ сикс“.
Оваа информација ја потврдил и неименуван извор за споменатиот медиум, велејќи:
„Бредли е во врска со Хума веќе неколку месеци, но и двајцата тоа го кријат. Тој раскина со колешката Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума“.
Изворот додал и дека 45-годишната политичарка им рекла за врската со актерот на неколку пријатели.
„Тие се совршени еден за друг. И двајцата се занимаваат со моќни професии, политика и луѓе“, рекол изворот.
Ниту Бредли ниту Абедин се уште не ги коментирале овие изјави.
ФОТО: Инстаграм