More

    Бред Пит во главна улога во прошталниот филм на Тарантино

    spot_img

    Квентин Тарантино и Бред Пит се подготвуваат за трета соработка. Според Дедлајн, Пит ќе глуми во најновиот филм на Тарантино „The Movie Critic“, за кој славниот режисер потврди дека ќе биде неговиот последен филм во кариерата. Не се знае каква улога ќе игра Пит, но се претпоставува дека тоа ќе биде главната улога.

    Тарантино и Пит последен пат работеа заедно на филмот „Беше еднаш во Холивуд“, за кој Пит доби Оскар за најдобра споредна машка улога. Пред тоа, во 2009 година, работеа на филмот „Inglorious Basterds“.
    Тарантино рече дека дејствието во „The Movie Critic“ е сместено во 1977 година и дека филмот е „заснован на момче кое навистина живеело, но никогаш не станало познато и напишало филмски критики во порнографско списание“.

    Како инспирација за филмот, на режисерот му служела работа од тинејџерските денови, кога полнел автомати со порнографски списанија.
    – Сè друго беше премногу вулгарно за читање, но имаше едно порнографско списание кое имаше интересен дел за филмови – рече режисерот.

    На Тарантино особено му се допадна еден критичар кој звучел саркастично и паметно.

    „The Movie Critic“ е продуциран од Стејси Шер, долгогодишната соработничка на Тарантино која работеше на „Pulp Fiction“, „Django Unchained“ и „The Hateful Eight“. Филмот треба да има премиера во 2025 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img