Откако во јавноста беше откриено дека еден од неговите синови го нарекол „ужасно човечко суштество“ и „светска будала“, извори блиски до Бред Пит се огласија и открија што мисли актерот за изјавата на неговиот син.
– Фрустрирачки е да се види како Бред е прикажан како некој вид лоша личност кога тоа е далеку од вистината. Бред многу ги почитува децата и неговата тишина за целата оваа ситуација кажува сѐ – изјавил анонимен извор за The Sun.
За потсетување, 19-годишниот Пакс посвоениот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, го нарече својот татко „будала од светска класа што ги тера неговите четири најмали деца да треперат од страв“ во објава на Инстаграм за Денот на татковците во 2020 година.
„Можеш себе си и на светот да му зборуваш што сакаш, но вистината еден ден ќе излезе на виделина“ – напишал тогаш Пакс и саркастично му го честитал празникот : „Среќен ти Денот на таткото, е…ано, ужасно човечко суштество“.
Пакс го напишал ова за Пит на својот приватен Инстаграм профил кога имал 16 години.
Анџелина Џоли го посвои Пакс од дом за сираци во Виетнам во 2007 година. Имал три години, а неговата биолошка мајка, зависничка од хероин, го напуштила како новороденче. Бред официјално го посвои следната година.