Бред Пит подолго време води правна битка со рускиот тајкун Јуриј Шефлер за уделот во винаријата „Шато Миравал“ која актерот ја поседуваше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Во 2021 година Џоли му го продаде својот удел во винаријата на Шефлер. Нејзиниот удел вредел 64 милиони долари. Пит сега се обидува да го врати тоа. Во новите судски документи, актерот тврди дека откако „тајно“ го купил уделот, Шефлер објавил соопштение за медиумите во кое го спомнува нивното „партнерство“, а потоа побарал да се сретнат за да разговараат. Пит истакнува дека „на крај му се заканувале“ доколку не се согласи на соработка.
„Шефлер лично презеде чекори за унапредување на неговото наводно партнерство со Пит по затворањето на трансакцијата, пишувајќи му на Пит постојано за да го натера на согласност“, се вели во правните документи до коишто дојде „Сан“.
Пит не му одобрувал на Русинот. Русинот наводно му се заканил врз основа на тврдењата дека „Пит лошо управува со винаријата“. Тврдењата се изнесени во Врховниот суд во Лос Анџелес.
Пит во 2022 година ја тужеше Џоли поради продажбата на нивната компанија „Нувел“ и на неговиот удел од 50% во деловната групација „Шато Миравал“ контролирана од Шефлер. Во септември истата година, „Нувел“ го тужеше Пит и бара отштета од 350 милиони долари.
Адвокатскиот тим на Пит тврди дека Шефлер, чија деловна империја го вклучува брендот на вотката „Столичнаја“, очајно сака да заработи од „славна личност од Холивуд“. Новите судски документи тврдат дека бизнисменот сакал да навлезе во партнерството меѓу Пит и Џоли – две познати личности кои живеат во Калифорнија – за да профитира од славата на Пит.
Пит и Џоли го купија имотот од 1.300 хектари во Прованса, во јужна Франција, во 2008 година, за 28,4 милиони долари. Тие и се венчаа таму во 2014 година. Лозјето им носеше доста приходи, но и признанија за квалитет.
Поранешната холивудска двојка, која има 6 деца заедно, се раздели во 2016 година. Нивниот развод сѐ уште не е завршен, но западните медиуми пишуваат дека и тој процес е при крај, со скорешното расчистување на финансиските сметки меѓу нив.