More

    Бред Пит еднаш даде големо интервју за „Вог“, а фокусот беше ставен на лансирањето на неговиот бренд за нега на машка кожа „Le Domaine Skincare“

    spot_img

    Бред Пит еднаш даде големо интервју за „Вог“, а фокусот беше ставен на лансирањето на неговиот бренд за нега на машка кожа „Le Domaine Skincare“. Очекувано, во текот на разговорот за тоа како мажите треба да се негуваат и што ново нуди неговата козметика, актерот се осврнал и за тоа кого го смета за најзгоден маж на светот.

    „Знаете во актерскиот свет, бидејќи тоа е моја работа што ја работам секој ден… Мислам дека тоа е Пол Њумен. Затоа што остарее толку грациозно. И според сите извештаи тој беше навистина посебно, талентирано, топло и вистинско човечко суштество“, рекол Пит, додавајќи:

     

     

     

    „А ако треба да именувам некој од луѓето кои сè уште се меѓу нас, морам да го истакнам Џорџ Клуни, бидејќи зошто да не?

    Бред Пит додал дека неговата тајна за добар изглед не е комплицирана – малку здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативноста, време со саканите… Сепак, на финалето на овогодинешниот Вимблдон покажа лице кое одговара на 15 години помлад маж.

    Бред одговорил и на прашањето како се гледа себеси во иднина, а неговото размислување за тоа е всушност важна животна лекција за сите нас.

    „Колку што сум постар, толку повеќе размислувам за квалитетот на животот и трошењето на времето и сигурно ќе се посветам на тоа. Мислам дека по изолацијата многу луѓе размислуваа како го поминуваат времето, на што ги посветија своите животи? И мислам дека семејството и пријателите на крајот се најважни“, рече тој.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img