More

    Бред Пит е три години постар од Ѓоковиќ и Алкараз заедно, а изгледа шампионски

    spot_img

    Ништо не можеше да го одвлече вниманието на интернетот од славното финале на Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз на Вимблдон вчера – освен, можеби, Бред Пит на трибините.

    Холивудската ѕвезда беше на Централниот терен за да ги гледа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во возбудливото финале од пет сета во кое младиот Шпанец по речиси пет часа борба ја освои својата прва титула на Вимблдон. Во толпата преполна со славни личности беа Хју Џекмен, ѕвездата на Џејмс Бонд, Даниел Крег и неговата сопруга Рејчел Вајс, актерот Том Хидлстон и пејачката Аријана Гранде Том Хидлстон, Шакира, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, шпанскиот крал Фелипе и многу поранешни тениски ѕвезди. Но, кога е изгледот и популарноста во прашање, Бред Пит и овој пат убедливо ја победи конкуренцијата.

     

    Дури и официјалната страница на Вимблдон му посвети објава на актерот и му посака добредојде на Вимблдон. А, фановите го преплавија интернет со коментари за неговиот неверојатен изглед :„Тој сè уште изгледа неверојатно“, „Човекот зад милиони насмевки“, „Тоа е едноставно нелегално“. Се појавија и коментари во кои луѓето изразуваат неверување дека  Бред Пит е блиску до 60-ка.

    „60 години и сè уште е позгоден од 99,99% од мажите кои живееле порано“, пишува во едне од коментарите.

    Твитер беше преплавен од објави на кои Бред Пит го споредуваат со другите познати мажи на негова возраст, најмногу со поранешниот британски премиер Борис Џонсон со кого се врсници.

     

    Би-би-си спорт, пак направи интересна математика споредувајќи ги годините на главната ѕвезда во ложата на Вимблдон со годините на финалистите на терен.

     

    Бред Пит (59) е три години постар од Новак Ѓоковиќ (36) и Карлос Алкараз (20) заедно, но сè уште изгледа шампионски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img