More

    Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, во понеделникот призна дека неговата земја „не била подготвена“ за историските поплави што го погодија нејзиниот југ и предизвикаа трагедија во која загинаа најмалку 147 луѓе и продолжува поради обилните дождови

    spot_img

    Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, во понеделникот призна дека неговата земја „не била подготвена“ за историските поплави што го погодија нејзиниот југ и предизвикаа трагедија во која загинаа најмалку 147 луѓе и продолжува поради обилните дождови, објави Ројтерс.

    Тој најави дека в среда ќе отпатува во сојузната држава Рио Гранде до Сул, третпат од почетокот на невидените временски непогоди пред две недели.

    – Ова е катастрофа за која не бевме подготвени – рече Лула за време на состанокот со министерот за финансии, Фернандо Хадад, и други официјални претставници, на кој од далечина присуствуваше гувернерот на државата, Едуардо Леите.

    Според последните податоци што во понеделникот ги објави Цивилната одбрана, загинале 147 лица, 806 се повредени, а 127 се водат како исчезнати. Повеќе од 600.000 морале да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од 77.000 сместени во училишта и во спортски сали претворени во засолништа.

    Во населбата Хармонија во градот Каноас, предградие на регионалниот главен град Порто Алегре, жителите се вратија во своите домови за да го проценат степенот на штетата и да го спасат она што сѐ уште може да се спаси.

     

    Поплавите се поврзани со глобалното затоплување

    – Во октомври имаше поплава, а сега изгубив сѐ – изјави 58-годишниот ѕидар Алседир Алвес.

    Обилните дождови, кои експертите ги поврзуваат со глобалното затоплување и природниот временски феномен Ел Нињо, погодија вкупно повеќе од 2 милиона луѓе. Меѓу нив има најмалку 80 домородни заедници, според Домородниот мисионерски совет на Бразил.

    Во понеделникот, владата соопшти дека доставила пакети со храна и вода за пиење на 240 семејства во три такви заедници во долината Такари.

     

    Ситуацијата дополнително ќе се искомплицира со доаѓањето на студен фронт кој ќе предизвика пад на температурите, предупреди метеоролошката агенција Мет Сул.

    Во Порто Алегре, модерна метропола со 1,4 милиони жители, властите треба да спроведат опсежна операција за дистрибуција на помош (вода, лекови, облека) од целата земја, но и од странство.

    Оние кои претрпеле најголема штета ќе добијат околу 360 евра

    Најтешко погодените семејства ќе добијат 2.000 реали (околу 360 евра) за да го започнат својот „живот од нула“.

    За да помогне во обновата, Лула предложи тригодишен мораториум на исплатата на долгот кон сојузната држава Рио Гранде до Сул, долг за кој гувернерот рече дека станал „неподнослив“. Таа мерка допрвин ќе треба да ја одобри парламентот.

     

    Поплавите во Бразил имаат влијание и надвор од неговите граници

    Во соседна Аргентина околу 600 луѓе се евакуирани од североисточната провинција Ентре Риос поради поплави на реката Уругвај, соопштија властите.

    Во градот Конкордија, градоначалникот Франциско Аскју предупреди дека „се очекува врв во вторник“ и ги повика жителите да бидат смирени.

    – Очигледно ќе евакуираме повеќе луѓе – призна тој на локалното радио.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img