Бразилскиот пејач Дарлин Мораис (28) почина откако го каснал пајак по лицето. Компликациите што следувале биле фатални. Несреќата се случила во неговиот дом на 31 октомври во Миранорте. Неговата 18-годишна поќерка, која ја доживеа истата несреќа, итно е пренесена во болница и е во стабилна состојба, изјавија нејзината мајка и сопруга на пејачот за бразилскиот весник „Г1“.
Сопругата на пејачот изјавила дека Дарлин Мораис се чувствувал исклучително изморено, а бојата на модринката која била предизвикана од каснувањето на пајакот, почнала да се менува. Мораис доживеал алергиска реакција, за жал, лекарите од Општата болница Палмас не можеле да му помогнат.
Дарлин Мораис се занимаваше со музика од својата 15-та година, во многу популарен жанр, форум (foroom), а настапуваше со бенд чии членови се неговиот брат и пријател, пишува „Дејли мејл“.