More

    Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо Луис Назарио де Лима се ожени со 14 години помладата девојка, моделот Селина Локс

    spot_img

    Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдо Луис Назарио де Лима (47) се ожени со 14 години помладата девојка, моделот Селина Локс.

    Венчавката била во црква на Ибица, а прославата се одржала во мало село на југозапад од островот, во близина на местото каде што Роналдо има куќа.

    Селина (33) објави фотографија од венчавката.

     

    „Ги собравме нашите семејства на интимна верска прослава и на тој начин го означуваме почетокот на неделата во која нè очекуваат многу прослави“, напиша таа.

    Меѓу гостите беше и поранешниот соиграч на Роналдо од Реал Мадрид, Хулио Баптиста.

    Поранешната сопруга на Роналдо, Милене Домингес, беше меѓу првите која и честита на среќната двојка.

    „Среќна сум за вас. Господ да ве благослови и да ве чува секогаш. Нека љубовта живее долго“, напиша таа.

    Инаку, новата сопруга на Роналдо е доста активна и следена на социјалните мрежи.

     

     

    Порано Роналдо беше во брак со Милене, а потоа и со манекенката Даниела Цицарели, со која се венча во француски замок, но излезе дека бракот не им е валиден, бидејќи не се развеле од поранешните партнери. Третата животна партнерка му беше Беатрис Антони, со која се разведе во 2012 година.

    Останува да видиме дали познатиот Бразилец ја пронашол четвртата среќа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img