Бразилецот Маркос Џивс кој личи на холивудскиот актер Кијану Ривс, ја доби пресудата против Фејсбук откако компанијата го затвори неговиот кориснички профил.
Судот во Рио де Жанеиро пресуди дека Фејсбук мора повторно да го активира профилот на Карлос и да му плати околу 880 евра. Доколку не му го вратат профилот во следните пет дена, Фејсбук ќе треба да му плаќа дополнителни 35 евра за секој нареден ден.
„Борбата траеше две години. Штом сфатија дека личам на актерот, за неполни три месеци ми го избришаа профилот од Фејсбук. Во исто време има бројни профили кои се преправаат дека сум јас и бараат пари од следбениците и кои останаа активни“, рекол Маркос.
Џивс сфатил дека изгледа како познатиот холивудски актер пред 17 години, но не мислел дека може да живее врз основа на таа сличност додека не ја изгубил работата на танкер. Потоа, се свртел кон работата во која го „глуми“ Кијану Ривс, а го користи Фејсбук за промовирање и договарање работи.
ФОТО: Инстаграм